„…На министерката за одбрана Славјанка Петровска ѝ беа доволни точно шест дена за да го совлада целокупниот комплициран баланс на кој почива европската безбедност, покажувајќи извонредно софистицирано познавање за однесувањето на руската армија, пишува новинарот Срѓан Ивановиќ во колумна за „Плусинфо по изјавата на новата министерка за одбрана поврзана со ситуацијата во Украина.
„Последен пат кога ја следев Славјанка во живо беше меѓу двата изборни круга од локалните избори, кога од говорницата на СДСМ ги броеше крвните зрнца на Данела Арсовска, откривајќи ѝ на јавноста за нејзината бугарска лична карта и за бугарското државјанство.
Затоа и кога се појави министерката во емисијата на ТВ 24 очекував од позиција на прв човек на македонската одбрана да каже дека Владимир Путин има бугарски пасош или дека Сергеј Лавров по мајка е Ерменец. Не знам, можеби можеше да пронајде нешто и за својот руски колега Сергеј Шојгу? Или едноставно да каже, ако Шојгу крие за тоа што ние не го знаеме за него, тогаш којзнае што тој крие од НАТО?
Сфаќате? Ќе ги утепаше Русите без испукан куршум.
Но, Петровска даде неверојатно елоквентна изјава во врска со состојбата на теренот.
„Поставувањето на вооружените сили од страна на Русија е провокативно и дестабилизирачко дејствување што ја намалува безбедноста на европскиот континент“, рече таа.
Генијално.
(повеќе)







