Само две истраги од отворените 19 на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) завршија со обвинение и за нив почна судски процес. Станува збор за „Друмарина“ и „Моќник“, велат од Коалицијата сите за правично судење за Плусинфо.
Вчера Стејт департментот во најновиот извештај забележа дека македонските обвинители ги пробиваат законските рокови во истрагите и за тоа не сносат никаква одговорност.
Во овие 17 истраги на СЈО правда чекаат стотина осомничени лица, кои со години живеат во неизвесност дали ќе им биде покренато обвинение и кога ќе почне судскиот процес, пишува порталот.







