„Србија ќе стори сé што е можно за да го осуети преговарачкиот процес за влез на Република с. Македонија во Европската Унија пред самата да го стори тоа. И гледаме дека самата Србија се уште се лула меѓу орбитата на Русија и Европа“, изјави поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев во интервју за БТВ
Според него, владата во Скопје виси на конец и нејзината ситуација не е воопшто лесна. Затоа бугарската позиција треба да биде помагање на евроинтеграциите на РСМ.
„Мораме да имаме многу избалансирана политика, ние самите во Бугарија мора да внимаваме да не вршиме такви провокации. Мора да се однесуваме како возрасни, мора да знаеме дека е тешка битка да се одречат од фашистичкото тито-сталинистичко минато.
За жал, денешните елити во Македонија се уште страдаат од ова“, објасни понатаму Плевнелиев кој беше претседател на Бугарија од 2012 до 2017 година.







