Македонската пливачка ѕвезда Томи Стефановски кој два пати го преплива каналот Ла Манш е гневен што младите македонски пливачи мораат да тренираат во студена вода во базенот кој е дел од комолексот Борис Трајковски во Карпош.
“Додека децата се мрзнат и се разболуваат на базенот Борис Трајковски во Карпош и не се знае дали тој ќе работи од понеделник, вие играјте си политика и трошете стотици милиони евра народни пари за вашите кампањи 😡”, пишува пливачката легенда разочаран од односот кон младите пливачи кои во 21 век треба да бираат меѓу прекин на тренинзите или да мрзнат го студена вода и да се разболат.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10159291518955792&id=605475791
Неофицијално проблемот е во одржувањето на базенот и загревањето на водата од страна на битолска фирма која го добила тендерот со кој треба да се обезбеди поправка на греачите на водата во текот на зимските месеци.
Директор на комплексот Борис Трајковски и на базенот во Карпош е битолчанецот Александар Петровски сопруг на пејачката Кристина Арнаудова.






