Плевнелиев: Сите помагаат на Украина, ние им праќаме ќебиња и чаршафи

„Искрено жалам што бугарската влада е збунета, изолирана и оставена сама во Европската унија со Унгарија на Орбан. Ова е дипломатскиот биланс денеска по прашањето за поддршка на Украина, вели поранешниот бугарски премиер Росен Плевнелиев во анализа за БГНЕС.



„Сите други земји-членки на ЕУ помагаат со оружје, опрема, а Бугарија праќа чаршафи и ќебиња. Се срамам од оваа постапка на бугарската влада, како да не разбраа дека битката за слободата на Украина е битка за слободата на Бугарија. Без разбирање дека безбедноста на Бугарија, просперитетот, иднината на нашите деца се гарантирани само како достојна членка на ЕУ и НАТО.

И кога праќаме чаршафи и ќебиња, а сите други праќаат воена опрема, треба да се срамиме и да бараме од власта да го смени овој популистички став, популистички говор и дејствување, вели екс-претседателот.

„И тоа не се однесува само на претседателот Румен Радев, кој уште од првиот ден покажа дека е русофил популистички претседател. Ова се однесува на премиерот Кирил Петков.

Без чаршафи и одела, господине премиер! Помогнете и на Украина да не спаси и нас Бугарите!порачува Плевнелиев.

Тој вели дека претседателот Радев денеска е во меѓународна изолација.

„Кога еднаш рече, а потоа повтори дека „Крим е руски“, тој беше изолиран од меѓународната заедница“.

„Се прашува што да измисли, речиси никој не го посетува, речиси никаде не е поканет да оди, освен на форум или конференција, што локалната пропагандна машинерија, особено левите и русофилските медиуми, го прикажуваат како спектакуларен успех“ вели Плевнелиев.