Ова го изјави поранешниот бугарски претседател (2012-2017) Росен Плевнелиев во студиото на ТВ Нова.
Сегашниот шеф на државата е опкружен само со агенти на Државната безбедност, а неговиот стратешки совет го води агент со прекар „Мајсторот“, вели Плевнелиев како што шренесе „Њуз.Бг.
Длабоката држава во Бугарија отсекогаш се изразувала преку врските на комунистичките тајни служби со Москва.
„Големиот шок во парламентот на проевропските сили дојде кога ја видоа апсолутната интеракција меѓу Радев, главниот обвинител, службите, „Вазраждане“ и БСП“, вели Плевнелиев.
„На еден претседател ‘не му доликува’ начинот на кој му го врачи мандатот за состав на влада на Николај Денков и како ја напушти пленарната сала по изгласувањето на владата и тоа што не ја ни почитуваше химната на Република Бугарија и заклетва на новите министри .
Не му прави чест на Радев да излезе за време на химната или да не му подаде рака на Денков, оваа бесмислена војна не оди кај шеф на држава. Тој пред народот повеќе од еднаш во овие 6 години го прекрши Устав, никогаш во историјата не било невозможно ниту еден претседател да помисли да го стори тоа“.
Според Плевнелиев, владеењето на Радев е правило на поделба, а неговите зборови служат на неговата амбиција за апсолутна власт.







