Плевнелиев: Бугарија нема да даде „зелено светло“ за ЕУ ако не се почитува Договорот за пријателство

Поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев порачува дека членството на Македонија во ЕУ е можно само ако се спроведат реформи и се почитуваат европските вредности, а како клучни тој ги наведува: почитувањата на правата на Бугарите во земјата, откажувањето од говорот на омраза и владеење на правото кое подразбира почитување на Договорот за добрососедство.



Тој потсетува дека Софија го поддржала членството на Македонија во НАТО , но дека тоа е геополитика.

Што се однесува до членството во ЕУ, Плавнелиев во изјвава за БГНЕС објаснува:

„Европската Унија е Сојуз на вредности, Бугарија тука го има целосното право да ги посочи проблемите со исполнувањето на европските вредности и да каже дека единственото возможно решение на спорот меѓу Софија и Скопје е со почитување на Европските  вредности. Друго решение не може да има.

Тој се обраќа до македонската јавност и порачува дека со притисок и со лобирање нема ништо да се постигне.

„Ќе биде со реформи кои докажуваат дека европските вредности се имплементираат и се исполнуваат од општеството и од управувачките органи на државата.

(…)Вие треба да го направите тоа, што го направија во Албанија, и ако го направите тоа што го направија во Албанија, нема кој да ве запре на патот кон европската интеграција.

Каде се проблемите, европска вредност е владеење на правото. Но договорот потпишан меѓу владите на Република С. Македонија и Република Бугарија не се исполнува.Тоа е нарушување на владеењето на правото.

Дајте да го почитувамке тој договор инаку нема како Бугарија да даде зелено светло. Второ-европска вредност се правата на сите граѓани во едно општество, но денеска сеуште во с.Македонија граѓаните на Бугарија ги немаат истите права како што ги имаат Србите, Албанците, Турците и сите други. Дајте им ги правата на тие граѓани на Р.С.Македонија…“ вели Плевнелиев.