„Не знаеме чиј беше дронот. Ја прелета Хрватска седум минути и падна овде. Во несреќата имавме голема среќа што никој не загина. Оштетени се околу 40 автомобили”, вели хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ кој денеска го посети местото на паѓањето на леталото недалеку од студентки дом во кој има 4,5 илјади студенти.
„Ова теоретски би можело да биде Будимпешта, Љубљана… Треба да ја интензивираме соработката, навреме да ја информираме земјата дека нешто се случува. Дали тоа било случајно или намерно, сè уште не знаеме… Ќе комуницираме со државите кои имаат вредни информации“, додаде Пленковиќ.
„Ова укажува на потребата од поблиска соработка со НАТО. Не можеме да ја толерираме оваа ситуација, ниту треба да се случи. Ова беше јасна и недвосмислена закана и мораше да има одговор и во НАТО и во ЕУ“, додаде тој.
Премиерот Орбан дозна за ова по мене. Напишав писмо и сакам одговори како можело да се случи вакво нешто“, продолжи Пленковиќ. „Ова можеше да падне на нуклеарната централа во Унгарија. Очигледно немаше добра реакција и другите земји не реагираа добро. Сега имаме тест од кој треба да научиме и да реагираме многу подобро“, додаде тој.
„Му пишав на НАТО, мислам дека го сфатија многу сериозно. Ова е инцидент што не смее да се случи. Мислам дека не го минимизиравме.
Доколку имаше жртви, сигурно реакцијата би била поинаква“, вели Пленковиќ. „Очигледно на леталото останало без гориво. Да имаше повеќе гориво, веројатно ќе паднеше на друго место. Сега да ги оставиме експертите да ги направат истрагите“, рече на крајот Пленковиќ.







