„Никој не го анектирал Косово бидејќи тогаш би го припоил кон некоја друга држава. Не знам за поим екстракција во меѓународното право“, кажа Пленковиќ за изјавата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ дека меѓународната заедница го грабнала Косово од Србија.
Милановиќ: Косово ѝ е одземено на Србија….
„Она што е важно е дека Косово е независна држава со која имаме дипломатски односи, дека нашиот министер (за стопанство и одржлив развој Давор) Филиповиќ беше на Косово, дека со него беа 50-тина наши бизнисмени“, кажа Пленковиќ и оцени дека Милановиќ „не е ѕвезда само во руските туку и во српските медиуми“.
Хрватскиот претседател Милановиќ вчера кажа дека меѓународната заедница „го анектирала Косово“.
„Ние и меѓународната заедница. Земено е од Србија. Кој го направи тоа ако не ние? Дали го признавме Косово? Не е анексија, туку грабање. Како се вика тоа? Екстракција. Не е врат туку шија“, додаде Милановиќ.
Тој зборувајќи за војната во Украина кажа дека Украинците повеќе ги мразат Русите отколку што Хрватите ги мразеле Србите за време на војната, и дека не се споредуваат Србите кои се побуниле во Хрватска со светската нуклеарна суперсила Русија.
Порача дека Русија е опасна земја и дека тоа никој не го разбира, и додаде дека „лудите емоции и омразата ја доведуваат Европа во голема опасност“.







