Пленковиќ: Ако дојде, Хрватска ќе го уапси Путин

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека е нереално да се очекува рускиот претседател да допатува во Хрватска особено сега откако Меѓународниот кривичен суд распиша потерница по него.



Пленковиќ вчера во Брисел потсети дека Хрватска пристапила кон статутот на Меѓународниот кривичен суд, како и дека е донесен закон за соработка со тој суд.

„Тој закон ги предвидува сите процедури во случај да има налог за апсење на лице и, колку што знам, тука имунитетот не важи“ – рече Пленковиќ одговарајќи на новинарско прашање како Загреб би постапил во случај Владимир Путин да дојде во Хрватска.