Владата го најавува четвртиот пакет на економски мерки со кој платежни картички ќе им бидат доделени на пензионерите со пензии до 15.000, на пасивните баратели на работа, како и на самохраните родители.
Идејата е а се стимулира приватната потрошувачка и да се зајакне куповната моќ по здравствената криза поради корона вирусот,
Следуваат и стимулативни мерки за враќање на работа на лицата кои беа отпуштени за време на кризата, а ќе продолжи и поддршката за компаниите со цел зачувување на работните места.





