Платите во Македонија – на дното во регионот

Македонија со години наназад заостанува зад регионот, а сите земји од регионот пак се далеку од стандардот во Европската Унија.



Според одредени прогнози, на балканските земји ќе им бидат потребни децении за да ги стигнат земјите од ЕУ. 

На списокот, според просечната заработувачка е  прво место е Хрватска со просечна плата од 842 евра. Следува Црна Гора со 511 евра, а на трето место е Босна и Херцеговина со просечна плата од 454 евра. Просечната плата во Косово изнесува 442 евра, што е за 22 евра повеќе отколку во Србија.

На последното место на наведените земји се наоѓа Северна Македонија, каде што просечната плата изнесува 395 евра, што е повеќе од два пати помалку отколку во Хрватска.

Ако на списокот се додаде и Словенија, разликите стануваат уште подрастични – просечната нето плата во оваа земја изнесува 1.028 евра, а . Словенците во ноември минатата година донеле одлука во наредните три години да го зголемат “минималецот” од 638 евра на 736 евра.

Извор: Денар