Лазар Јовески, универзитетски професор, се сомнева дека просечната плата во Македонија надминала 500 евра како што се пофали и премиеродт Ковачевски и смета дека „просечните“ бројки се само за добивање политички поени.
„Власта за џабе се фали со просечна плата од 500 евра за да постигне политички поени – вели Јовески.
Според него, реалната просечна плата во земјава е околу 21 до 22 илјади денари. Дури 35% од вработените се пријавени на минималец, а голем е бројот на работници кои се принудени да враќаат дел од платата назад кај газдите.
„Јас би бил навистина радосен и среќен ако тоа е онаа реална состојба во општеството, меѓутоа добро спомнавте дека медијалната плата не се зема в предвид и таа се движи помеѓу 20, 21, 22 илјади денари. Таа ја одразува реалната состојба во државата. Се уште дел од вработените кои земаат над 18 илјади денари ја враќаат назад на работодавачите на ваков или онаков начин. Тоа покажува дека голем дел од нашите граѓани, нашите работници не земаат ниту минимална плата“ – вели Јовевски за Алфа ТВ.
Според него, високото ниво на просечна плата го подигаат фирмите во главниот град.
„Одете во Валандово, во Штип, Радовиш, во Берово, Прилеп, и видете ја просечната плата. Тоа е реалноста, тоа е квалитетот на живот во нашата земја, далеку е дека просечно се живее во Македонија со 500 евра“ – вели професорот Јовески.






