Платила ли власта ,,на црно” во биткоини за да се спасат податоците во ФЗО?

Извори кои се упатени во безбедносни протоколи на интернет за expres.mk тврдат дека на таканаречениот ,,Црн интернет” (Dark Web) се појавиле информации според кои македонската влада им платила откуп на хакерите кои со помош на вирус ги заробија серверот и дата базата на Фондот за здравствено осигурување.



Изворите велат дека се работи за тајна операција на луѓе од власта кои преку трети лица купиле 4 биткоини и со нив им платиле на хакерите кои во блокада со недели го држеа блокиран целиот здравствен систем.

Вредноста на еден биткоин деновиве е околу 26 илајди евра што значи дека власта, доколку оваа информација се потврди, платила околу 100 илјади евра за да бидат ослободени податоците од серверот на Фондот за здравство кој на мистериозњн начин беше повторно ставен во функција.

Властите не кажаа детали како беше излезено од заложничката драма. Од владата засега не потврдуваат дека за хакерите во ФЗО се платени 4 биткоини.