Додека од Општина Сарај сè уште се чека одговор на барањето за легализација продолжуваат работите и се доградува платформата на Матка.
Како што јавува а1он, сега е поставена дрвена ограда на платформата, а покрај малиот објект се поставени маси и клупи и веќе се користи.
Градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, не одговара на прашањата до кадее се барањата за легализација и дали инспекцијата постизборно излегла на терен за да направи увид во уредувањето на платформата.





