Предлогот за дополнување на Законот за пратеници со кој, кога ќе се усвои, на поранешниот премиер Никола Груевски ќе му се укине пратеничката плата, е на дневен ред на продолжението на 81 седница на Собранието.



„Ако пратеникот е осуден со правосилна судска пресуда на казна затвор подолга од шест месеци, го губи правото на исплата на плата, други лични примања и надоместоци на трошоци“, гласи предложениот член.

На седницата треба да расправа за интерпелацијата за работата на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, поднесена од пратенцитете од ВМРО-ДПМНЕ, поради, како се вели во иницијативата, несовесно и неодговорно ја извршува функцијата, како и за лошо водење на дипломатијата на штета на националните и државните интереси.

За интерпелацијата требаше да се расправа вчера, но поради обврски на министерот, расправата е поместена за денес.