Во текот на следните 50 години, светската популација ќе се намали, тврдат американски научници според кои до крајот на 21 век половина од населението ќе биде старо.



Во средината на минатиот век, на Земјата живееле околу 3 милијарди луѓе. Во 1987 година бројката достигна 5, а во 2011 – седум 7 милијарди.

Врз основа на ваквиот тренд, Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) проценува дека до 2100 година светското население ќе надмине 10 милијарди, а доколку има зголемување на наталитетот, може да достигне 15 милијарди луѓе.

Со оглед на тоа дека попуилацијата на Земјата како целина живее подобро и подолго (!?), научниците предвидоа пораст на населението па дури и ако повеќето земји воведат политика „едно семејство – едно дете“. Научниците предупредуваа дека ова ќе доведе до глобален недостиг на вода и храна, како и сериозни климатски промени.

Но, сега, научниците почнаа да зборуваат за намалување на светската популација: Американските експерти проценуваат дека раст на популацијата ќе има до 2064 година, по што, заради масовниот пристап до високото образование и контрацептивите, тој ќе започне да опаѓа.

Околу 8,8 милијарди луѓе се очекува да живеат на Земјата до 2100 година, т.е. за 1 милијарда повеќе од сега, а бројот на стари лица ќе се зголеми за шест пат во однос на сегашниот.

До крајот на векот во 183 земји низ светот ќе има помалку деца отколку што е потребно за проста репродукција.

Доколку овие предвидувања се остварат, проблемите со недостигот на вода за пиење и храна ќе исчезнат сама по себе. Во исто време, голем дел од возрасната популација веројатно ќе бара промена на постојниот политички и економски систем.

Едно од можните решенија, според експертите, е отворена миграциска политика на развиените земји. Пример е моделот на Кина и Шведска, кои привлекуваат главно високо образовани мигранти и оние на работна возраст. ( БГНЕС и РИА Новости )