План за бугаризирање на Македонија: За деценија една милијарда за универзитети, гимназии и учебници (ВИДЕО)

Поранешниот бугарски министер за надворешни работи Соломон Паси јавно го изложува својот план за бугаризирање односно менување на македонската свест на Македонците.



Според планот кога веќе Македонија е толку важна за Бугарија Софија треба да издвои една милијарда левови (или евра) за отварање на шест бугарски универзитети, бугарски гимназии и во нив да се дадат бугарски книги со што ќе се запре македонското влијание на младите луѓе.

Планот предвидува процесот да трае десет години.

,,Во тие бугарски училишта ќе има бугарски учебници и децата кои учат од таа програма природно се препознаваат во бугарскиот идентитет. За 10 години менталитетот ќе се смени…”, вели Паси кој своевремено беше и претсевач на ОБСЕ а има еврејско потекло.

Целата изјава на Паси која наликува на шега: