Плаќање сметки во Пошта – од 1 март

Граѓаните веќе од први март ќе можат да ги плаќаат своите сметки на шалтерите во Пошта, соопшти директорот на Пошта, Јани Макрадули.



Прекинот на плаќање сметки преку пошта, што е најповолно за граѓаните, е поради пропаѓањето на „Еуростандард банка“.

Сега се очекува договорот со Халкбанк да биде потпишан до крајот на годината, а многу извесно е дека на 1 март веќе Пошта ќе ги отвори шалтерите за граѓаните и за оваа услуга.