Плаќање гас во рубљи – од 1 мај!?

Плаќањето за испораките на гас во рубљи ќе се врши од крајот на втората половина на април, па дури и почетокот на мај, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.



Тој уверува дека испораките на руски гас нема да бидат прекинати доколку купувачите не го потврдат плаќањето во рубљи до 1 април.

Запрашан за крајниот рок за отворање сметки во руските банки за плаќање на гасот, Песков препорача да контактираат со Гаспром за детали.

Портпаролот на Кремљ рече дека рускиот претседател Владимир Путин на разговорите со европските лидери им ја претставил новата шема за плаќање на гасот.