Премиерот Зоран Заев  денеска ги прими Тамара Тодевска и комплетниот авторски и сценски тим на Македонија што оваа година настапи на изборот на песна на Евровизија и им додели плакета како знак за признание за освоеното историското прво место според гласањето на стручното жири.



Настапот на најгледаната манифестација, ја направи нашата земја главна тема на евровизиското музичко шоу што го гледаа 200 милиони гледачи.

Премиерот истакна дека Тамара и тимот на Евросонг 2019 станаа херои и силен глас за гордоста со која девојките и жените се борат за остварување на своите права.

„Тамара и целиот авторски и сценски тим се заблагодарија за поддршката и ги пренесоа силните впечатоци и возбудувања од нивниот настап на Евросонг 2019, и истакнаа дека огромната поддршка што ја имаа за цело време пред и за време на финалната вечер, беше дополнителна мотивација и охрабрување за беспрекорниот настап и за големиот успех на целиот тим“ се наведува во  соопштението на владата.