Владата одлучи да ги замрзне цените на безалкохолните пијалаци и пивото, а дополнително ги ограничи и профитните маржи во трговијата на овошје и зеленчук.
Премиерот Ковачевски информираше, дека на листата со гарантирана цена од утре влегуваат и газираните и негазираните пијалаци, со исклучок на енергетски пијалаци, газирана и негазирана вода и светло и лагер пиво. Највисоките цени на овие пијалаци се утврдуваат со цените кои ги имале овие производи на 19 септември годинава во трговијата на големо и се намалуваат за 10%. И овие производи во маркетите и продавниците се должни да имаат ознака „гарантирана цена“ на полиците и фрижидерите.
Владата одлучила и за одредување највисока профитна маржа за свежото овошје и зеленчук. Оваа маржа ќе биде ограничена до 10% во трговијата на големо и 15% во трговијата на мало. Како што соопшти премиерот, со оваа одлука се 0чекува цените на овошјето и зеленчукот да се намалат за 30%.






