Пиварница од Финска промовира пиво „НАТО“

Финска пиварница реши да ја искористи еуфоријата во земјата околу напуштањето на повеќедеценискиот неутралeн статус и приклучувањето во Северноатлантската алијанса за да почне продажба на пиво со ознаката „НАТО“.



Пиварницата „Олаф бруинг“ објасни дека досега не се мешале во политика, а сега мнозинството Финци се за влез во НАТО.

„Затоа се решивме на овој чекор, иако во суштина и немаше потреба од толкаво ‘одлучување’, едноставно го сторивме тоа“, изјави извршниот менаџер на компанијата за финските медиуми.

Лименката на пивото „НАТО“ е сина и на неа е аплицирана слика на витез во оклоп, кој на градите го носи симболот на воениот пакт.

Пивото во оригинал се вика „ОТАН“, што е францускиот акроним за НАТО, а заедно со зборот „олута“ на фински значи „ќе земам/пијам пиво“.