Писмо до ДУИ за Р. Северомакедонија: Преведувачки проститутки

Во јавната дебата во медиумите на албански јазик се појави текст за „Преведувачки проституирања – според кој на македонските пасоши на албански јазик треба да стои ‘Република Северомакедонија“.



Присилно наметнатото име „с.Македонија“, согласно со „Преспанскиот договор“ наместо Република Македонија, кое веќе се отпечатува и на новите пасоши, во дел од медиумите на албански јазик е повод и за изнесување „јазично – преведувачки дилеми“ како треба да се преведе и да се напише „чесно“ и „правилно“ на албански јазик.

Весникот „Бота сот“ во кратката колумна на политичкиот аналитичар и поет Сулејман Мехази под наслов „Писмо до Демократската унија за интеграција“ пренесува негова „порака“, која тој ја упатува до „интегристите“ на Али Ахмети дека се прави „преведувачка грешка“ околу „точното име“, што треба да стои на пасошите.

„Во пасошите треба да пишува ‘Република Северомакедонија’, а не ‘Република Северна Македонија’ – тврди овој политички аналитичар, нагласувајќи: „Преведувачите изразот ‘Република Северна Македонија’ од македонски јазик го преведуваат на албански како ‘Republika e Maqedonisë Veriore’, додека чесните преведувачи го преведуваат како ‘Republika e Verimaqedonisë’.

Мехази цитира одредено мислење на албанскиот поет Лазгуш Порадеци дека некои ‘преведувачи се и проститутки“, во смисла кога прават вакви „грешки“ при преведувањата.