Пакистанскиот премиер Имран Кан испрати писмо до првиот човек на Фејсбук, Марк Цукерберг, во кое бара да ја забрани исламофобијата на таа социјална мрежа, јавува Ројтерс.
„Јас би ве замолил да ја забраните исламофобијата и говорот на омраза против исламот на Фејсбук, исто како што направивте во случајот со холокаустот“, истакна Кан.
Фејсбук, како и социјалната мрежа Твитер, забранија објавување на содржина со која се негира холокаустот, геноцид извршен од германските нацисти врз Евреите во Втората светска војна, пред неколку дена.




