Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот 69.годишниот гевгеличанец кој на 24 септември, со умисла ги лишил од живот сопствениот брат и неговата сопруга, со кои живееле во иста семејна куќа со различни влезови.
Како се дознава, двајцата браќа имале нарушени меѓусебни односи и не разговарале повеќе од 40 години, но убиените меодамна поднеле неодамна поднеле тужба, бидејќи осомничениот, ставајќи олуци на куќата, скршил плочки и ја оштетил оградата од нивната тераса.
Кога им забележал за поднесената тужба, тие не сакале да разговараат со него, па осомничениот влегол дома и го зел пиштолот марка „Црвена застава“, со калибар 7,62 милиметри кој го поседувал со дозвола.
Потоа испукал повеќе куршуми кон братот и снаата, кои од здобиените повреди тие починале на самото место.






