Писателот и актер Тасевски како Македонец бара тет – а – тет средба со Пендаровски

Писателот и актер Сашо Тасевски е сериозен кога јавно бара средба во четири очи со претседателот Пендаровски.



Тој има две прашања за шефот на државата кои сака да му ги постави без нив да ги чујат неговите советници.

,,Сега јас како таков, граѓанин, Македонец, имам право да побарам средба тет а тет со претседателот Пендаровски?

Сакам да му поставам две сериозни прашања.
Тука на профилот имам пријатели дипломати, да ми кажете која е процедурата за да стигнам до целта.

Значи средба со Претседателот, само јас и он, без тие советниците околу него како Денко Малески.

Може да викне преведувач ако случајно ми текне да зборам на кинески.
Значи не се зае*авам. Намерите ми се сериозни. И прашањата”, објави Тасевски.