Новонастанатата политичка состојба во Македонија повторно предизвика силен бран на омраза заснован на етничка и политичка припадност. Од поделбите на победници и поразени, предавници и патриоти, па се до закани со војна, реваншизам, бесење, стрелање, вели претседателката на Хелсиншкиот комитет , Уранија Питовска, во врска со заканите на радикалката со „чизми на таван“ која најви војна ако ДУИ изгуби мнозинство.



„Прво, нашето образование не е соодветно за околностите во нашето општество. Ние сме мултиетничка средина во која младите луѓе треба да учат за историјата, за културата, за фолклорот на другите млади луѓе коишто живеат заедно со нив. Кај нас младите луѓе воопшто немаат познавање за туѓата култура, за туѓата историја, за туѓиот фолклор и не се разбираат и од тие причини тој говор на омраза уште повеќе кај нив предизвикува револт, омраза и понатаму предизвикување инциденти и други кривични дела од омраза во кои на крајот тие самите се жртви„, изјави утрово Пировска.

Околу образованието на Шкодране Идризи, треба да се потсети дека магистрантката и со докторат стигнала до директорка на одборот на Клиники, а сега е дел од одборот р на Телеком, кој, патем, се огради од нејзините ставови.

Политичкиот аналичитичат Џевдет ХазХЗекредини, во објава на Фејсбук наговести зошто била реакцјата на радикалката.