,,Пиринскиот” владика на БПЦ: Ќе дојде време кога ќе реагираме за името на МПЦ-ОА

Митрополитот Неврокопски Серафим (Неврокопската епархија на Бугарската православна црква е Пиринска Македонија) одговори на прашањето на водителот на бугарското национално радио дали БПЦ го губи чувството за историска вистина поради фактот што Вселенскиот патријарх ја призна Македонската православна црква како Охридска архиепископија.



За Бугарија и бугарската православна црква Охридската Архиепископија е дел од бугарската црква и историја.

Според владиката одговорен за Пиринска Македонија, „историјата е јасна и категорично е познато дека Охридската архиепископија е создадена и го носи ова име со додаток – Бугарија и за Бугарите. И така е за многу долг историски период”.

„Ќе ја доживееме горчината на конфликтот, во кој се испреплетуваат интереси поврзани со историјата на Бугарската православна црква. Ќе прифатиме дел од оваа горчина, не. „Времето ќе покаже, но ние мора да ја поддржиме историската вистина.
Сега на ред е МПЦ да биде признаена од сите помесни цркви, па „ќе дојде време и погоден момент кога ќе се изразат несогласувања околу името или територијалната локација на новата автокефална црква“, вели неврокопскиот владика.

Владиката Серафим смета дека е можно мирно да се разговара и да се решат прашањата од минатото и иднината: во однос на името, територијата и се друго што ќе се воспостави сега.

Според него потребно е да се бара начин како да се зачува историската вистина и соодветно да се дојде до добри, нормални, не само човечки, туку и братски меѓухристијански односи.

,,Како прво, ние сме едно православно семејство“, порачува митрополитот на БПЦ.