Пинк: Мајката и сестрата на масовниот убиец Коста фатени на граница со Македонија

Српската телевизија „Пинк“ објави дека мајката и сестрата на убиецот Коста Кецмановиќ кој изврши масакар во училиштето „Владислав Рибникар“ се обиделе да ја напуштат државата.



Запрени се на граничниот премин „Прохор Пчински“, кон Македонија, пренесува „Пинк“.

Дека постои можност семејството Кецмановиќ да ја напушти Србија, алармираа српски безеднсносни експерти. Тие посочуваа и дека нивните животи се загрозени. Таткото на Коста е во затвор, додека детето убиец и натаму е на психијатрија.