Пахор бара итен прием на БиХ во НАТО и ЕУ

Претседателот на Словенија, Борут Пахор повика на забрзано прифаќање на Босна и Херцеговина во ЕУ и НАТО.



Шефот на државата, чија земја е во ЕУ и НАТО од 2004 година, рече дека ќе направи се за Европската унија и НАТО да ја прифатат Босна и Херцеговина како технички членки.

Оваа изјава Пахор ја даде за време на неговата посета на Турција.

„Ќе направам се што е во моја моќ за да ги убедам Европската унија и НАТО да ја прифатат Босна и Херцеговина во двата блока што е можно поскоро“, вети Пахор, цитиран од Словенечката новинска агенција.

Според него, со „новата геополитичка поделба“ Западен Балкан ќе стане дел од западниот свет, но многу зависи од тоа каква ќе биде ориентацијата на властите во Брисел.
Британија испраќа воени експерти за да се спротивстават на руското влијание во Босна

Во јули, словенечкиот премиер Роберт Голоб побара од Европската комисија да и додели на Босна и Херцеговина статус кандидат за ЕУ ​​до крајот на 2022 година.