Работата на Собранието се одблокира откако коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива вчера најавија дека ќе ги повлечат амандманите поднесени во Собранието за законите од петтиот пакет на економски мерки.
Претходно, ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека ќе ги повлече своите амандмани што ги поднесе во Собранието за Предлог законот за државјанство.






