Во емисијата „Клан дебата“ на ТВ Клан Македонија пратеници од четири парламентарни партии ги судрија ставовите околу блокадата на македонскиот Парламент и барањата за одржување предвремени парламентарни избори. На својот интернет-портал ТВ Клан Македонија ги пренесе акцентите од истапувањата на претставниците на парламентарните партии.
„Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски рече: ‘ВМРО ДПМНЕ не спроведува бојкот на Собранието, туку активна блокада на неговата работа, користејќи ги сите деловнички алатки, кои и стојат на располагање на една опозициска партија, вклучувајќи ги филибастерингот, постојаното говорење преку јавувањата на голем број пратеници за процедурални забелешки, како и амандманските можности. Што се однесува до предвремените парламентарни избори граѓаните се тие, кои велат дека вака натаму повеќе не може. Оваа активна блокада на Собранието ја спроведуваме и за да разговараме за предвремените парламентарните избори, бидејќи нивното одржување го бараат не само ВМРО ДПМНЕ, туку и мнозинството на граѓаните на Македонија.“
„Во емисијата ‘Клан дебата’ на ТВ Клан Македонија пратеничката Вјолца Адеми од ДУИ изјави дека нејзината партија е секогаш подготвена за избори, но и оти не е време сега за тоа. ‘Во околности кога се уште не сме излегле од здравствената криза со ковидот, од глобалната криза, кога не е завршена војната во Украина, мислиме дека ова не е потребното време за парламентарните избори. Во секоја држава во светот опозицијата секогаш има право да бара избори, но тие сега не ни се потребни, иако на ДУИ и во анкетите и во секојдневните политики и одговара да се оди на избори.’ – кажа Вјолца Адеми.“
„Даниела Марковска, пратеничка од СДСМ рече дека бојкотот не и прави добро на државата. ”Деструктивноста на ВМРО ДПМНЕ започна уште пред две години. Тие настојуваат со блокади да ги сопрат процесите на државата и се против интересите на граѓаните, бидејќи кризата во с.Македонија направи ние да изреагираме и да им осигуриме на граѓаните начин како да ја надминат полесно таа криза. На земјата не и е потребно да се продлабочи кризата со одржување на предвремените избори.’ – изјави пратеничката од СДСМ Даниела Марковска.“
„Пратеникот од Движењето Беса Фадил Зендели го изнесе ставот на неговата партија дека тие се за одржување на предвремените парламентарни избори. ‘Ние сме за одржување на ваквите избори, бидејќи мислиме дека државата повеќе не може да се справува со ситуацијата со кризите, затоа што оваа држава повеќе не може да дише слободно. Како на минатите избори, така и сега Беса е подготвена да се соочи со секој предизвик и да ја урнеме Владата на СДСМ-ДУИ.’ – нагласи пратеникот Фадил Зендели во емисијата ‘Клан дебата’ на ТВ Клан Македонија“.
Home Македонија Петрушевски: „ВМРО ДПМНЕ не го бојкотира, туку го блокира Собранието – предвремените...





