Петрушевски открива направен криминал на фирма што ја посетил премиерот

Премиерот Димитар Ковачевски во своите пропагандни настапи посетил правно лице кое било дел од криминален случај на шверц со цигари.



,,За да не се чуди Ковачевски како за Мерко, да му кажам. Печатница “Еврос Комерц” од с.Старо Нагоричане, во 2008 година била опфатена во акцијата “Пепел” кога беше уапсен Бајруш Сејдиу!”, објавува пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

,,Во печатницата биле штампани и произведувани кутии за цигари од типот “Малборо” , “Лорд” , “Партнер” во кои што илегално произведените цигари подоцна се пакувале во ТТК Куманово.
Овие активности биле документирани и потврдени со ПИМ мерки на обвинителството. За време на реализација на акцијата, сопственикот со неколку вработени биле фатени на дело како во кругот на фабриката ги палат (горат) доказите (претходно произведена амбалажа на наведените цигари).
Сопственикот бил приведен во акцијата”, пишува Петрушевски на Фејсбук.

Од кабинетот на Ковачевски засега нема демант на обвинувањата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.