Петрушевски: Кој најмногу добива од одлуката на тој што се бори за епитетот “Младиот Фрчко”

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски со реакција и отворени прашања за одлуката на Левиа да не ја поддржат ВМРО-ДПМНЕ во обидот да се урне Зоран Заев на локалните избори.



Откако Апасиев ја одби понудата на Мицкоски за меѓусебна поддршка со цел уривање на СДСМ Петрушевски поставува низа прашања и дава повеќе заклучоци за одлуката на Левица.

“Очигледно во таа партија не се дискутираат можностите да се урне власта, туку лидерот на партијата сабајлечки откако ќе се разбуди полн со себе и после куса дискусија со сопственото его, решава веднаш да одговори на коректен предлог со тоа што ќе вреѓа. За да дојде некој на власт, мора друг да биде срушен од власт. Левица сама не може ни сега, а нема да може ни во иднина да стане самата власт. Но, очигледно Апасиев сака тоа да го искуси по потешкиот пат.

Овде во прашање е или суетата на Апасиев кој е во налет да го освои целосно епитетот „младиот Фрчко“, или пак човекот работи за власта и е создаден да ги опструира сите обиди за рушење на власта.

Левица ќе има четири пати помалку гласови од ВМРО, тоа нема да се промени до следните парламентарни.
Би сакал да прашам – кој најмногу користи од ваквиот став на Апасиев?
Тука се крие суштината на неговото делување.

Со пцовки и вулгарности не се стига далеку. Има вакви случаи како Апасиев и Левица низ регионот, сите згаснуваат после првичната еуфорија и откако народот ќе види дека се работи за егзибиционисти кои поима немаат што значи власт и одговорност. Со зборови како „куриња, куртони..“ кои се често употребувани од Апасиев, не се владее. Со неуротични потези и ставови не се владее. Некои кои се во моментов импресионирани од „младиот Фрчко“ ќе сфатат за каков човек станува збор.

Еве да прашам зошто не кандидира градоначалници? За да не видите дека не ги бива за ништо, дека една шајка не знаат да заковаат, единствено што знаат е да пљампаат ко стринки и да се расправаат расфрлајќи се со несоодветни невоспитани изрази, глумејќи патриоти.

Јас да сум на местото на лидерот Мицкоски не би се замарал со ваква будала, која патем кажано толку често употребува зборот куриња, што очигледно е дека има некој проблем со таа работа”, пишува Петрушевски по одлуката на Левица да не учествува во заедничка битка на опозицијата против Заев и СДСМ.

Добра вест за СДСМ: Левица ја отфрли понудата од ВМРО-ДПМНЕ за соработка со цел уривање на Заев