Министерката за одбрана Славјанка Петровска изјави дека осудените за тероризам во случајот „Диво насеље“, затворската казна треба да ја одлежат во земјава.
Осудените за „Диво Насеље“ ќе почекаат на трансфер од „Идризово“ во Косово!?
По информациите во некои медиуми дека постојат сценарија според кои осудените за „Диво насеље“ ќе се префрлат да ги издржуваат казните на Косово, Петровска на новинарско прашање одговори:
„Јас мислам дека треба да се почитува одлуката на македонските судови и дека осудените онака како што во процедура, во судска постапка се осудени, треба да ја издржуваат својата казна во затворите во нашата држава, онаму кадешто кривичното дело е сторено.
А, доколку постојат какви било сомнежи за условите или за околностите во коишто тие ја издржуваат казната, мислам дека работата на секој еден од нас е да работиме на надминување на таквите предизвици или проблеми, кои се појавуваат, а не тие да ги заобиколуваме“, изјави Петровска за МИА.







