Министерката за одбрана вели дека единствениот начин за продолжување на патот кон Европската Унија се уставните измени, а со тоа дополнително ќе се зацврсти македонскиот идентитет.
„И како што многумина претставници на ЕУ и амбасадори на земји членки на ЕУ кажаа, не постои друг начин. Мислам дека останува на домашните актери на политичката сцена во нашата држава, да ја донесат финалната одлука“,изјави министеррката Славјанка Петровска во интервју за „24 инфо“.
Петровска вели дека ако ВМРО-ДПМНЕ се плаши од уставните измени, тоа треба јавно да го каже.
„Јас не се плашам. Со донесувањето на уставните измени или овој амандман кој е предложен се гарантира и се зацврстува македонскиот идентитет. Со тој амандман ние велиме дека ги признаваме Бугарите како малцинство во Република * Македонија, а македонскиот народ, се разбира со другите, е државотворен народ. Тука се прави јасна разлика меѓу она што долги години се зборуваше како една од теориите за нас и за нашата држава“,додава таа.
Со донесувањето на уставните измени, вели Петровска се гарантира и се зацврстува македонскиот јазик кој, како што рече, се повеќе се употребува и се повеќе држави го уважуваат како јазик.
„Така да сите оние теории на заговор кои ВМРО-ДПМНЕ ги презентира бегајќи од одговорноста да донесе одлука паѓаат во вода. И на крајот, јас би рекла еве ако гласа за уставните измени ќе го прифатиме барањето нека нема техничка Влада и да одиме на избори во редовен термин“,вели министерката за одбрана.







