Петровска: Патриот не се станува со тоа што и каде ќе поставите, ни со разгорување на меѓурелигиските односи (ВИДЕО)

Министерката за одбрана Славјанка Петровска со свое видување за тензиите околу крстот на Попова Шапка.



„Патриот не се станува со тоа што и каде ќе поставите, а не се станува ни со тоа колку ќе успеете или ќе ја разгорите темата на меѓуетничките и меѓурелигиски односи. За жал, во Тетово, еден преубав град под Шара, има толку многу проблеми кои локалната самоуправа треба да ги реши, така што нека се зафатат час поскоро со средувањето, разубавувањето на градот и, конечно, со изградбата на паркот кој тетовчани толку многу го сакаат, а не со некои други теми“, изјави Петровска.