Министерката за одбрана, не сакаше да потврди, но ниту демантираше дека Македонија донирала и воени хеликоптери МИ-24 на Украина како воена помош во нападот од Русија.
Во претходните три одлуки за воена помош на Украина само медиумски беше известено дека се донирани тенкови “Т-72“ и авионите “Су-25“. Петровска додава дека нема да се откриваат детали ниту за четвртиот пакет на воена помош кој се подготвува за Украина.
„Самата одлука не треба да се скрие, а одлуките ги класифициравме заради сензитивноста бидејќи нема потреба непријателот да знае за деталите, заради практичност, прагматичност и безбедност.
Кога ќе видиме дека нема безбедносен ризик, тогаш нема да има проблем да објавиме. Со донациите не се нарушува нашата борбена готовност.“, рече министерката Славјканка Петровска во „Студио 10“ на ТВ24.







