Пратеничката Славјанка Петровска ќе биде нова министерка за одбрана, велат за Фокус високи партиски извори.
Поранешната пратеничка на СДСМ, Славица Грковска, според информации на „360 степени“, е кандидатка за вицепремиерка за борба против корупција, додека досегашниот носител на оваа функција, Љупчо Николовски, се враќа во Министерството за земјоделство.
Централниот одбор на СДСМ вечерва треба да ги одобри предлозите за нови и старо-нови министри во владата на новиот партиски лидер Димитар Ковачевски, пред тие да бидат доставени до Собранието.
И на чело на Министерството за труд и социјална политика се очекува ново име: На местото на Јагода Шахпаска би дошла Јована Тренчевска, која сега е директорка на Државниот инспекторат за труд.







