Екс заменичката министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска во партиска пропаганда објави дека го ажурирала своето членство во СДСМ и притоа објави дека за неа партијата била иделогоија.
Најверојатно Петровска мислела на идеологија но таа тоа не го прецизира ниту објаснува во својот пост кој на Твитер седи повеќе од 4 часа без да биде избришан или дополнет.
“Го ажурирав своето членство во СДСМ затоа што за мене СДСМ е повеќе од партија, за мене тоа е ИДЕЛОГОИЈА во која верувам и за која искрено се залагам.
Социјалдемократијата е многу повеќе од партиска определба”, напиша Петровска во партиската пропаганда на социјалните мрежи.

Го ажурирав своето членство во СДСМ затоа што за мене СДСМ е повеќе од партија, за мене тоа е иделогоија во која верувам и за која искрено се залагам.
Социјалдемократијата е многу повеќе од партиска определба. pic.twitter.com/R26P6mD9DD— Slavjanka Petrovska (@SlavjankaPetrov) January 31, 2021





