Петровска единствена со фустан на средбата со колешките министерки од НАТО (ФОТО)

Шефицата на македонската одбрана Славјанка Петровска беше единствена облечена во фустан на средбата со колешките министерки за одбрана од НАТО.



Петровска објави фотографии од средба со сите жени министерки за одбрана на членките на НАТО кои имаа своја посебна средба на маргините на самитот на алијансата во Вилнус.

,,НАТО го препознава потенцијалот на жените во лидерски улоги. Лидерството е важно. Состанок со жени министри за одбрана на самитот на НАТО. Воспоставување мрежа на жени на лидерски позиции што ќе ги премести работите од принципи на акции и ќе придонесе за деескалација во Украина”, објави Петровска.

Министерката Славјанка која важи за најубаво облечен член на македонската влада во Вилнус беше облечена бело палто врз фустан со доминантна зелена боја кој наликува на воена маскирна униформа.

Нејзините колешки беа облечени во комбинации на основна бела боја со црни елементи.

Сите останати на вчерашната средба на министерките за одбрана на НАТО беа облечени во пантолони.