, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 3.487 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на КОВИД-19 информира Министерството за здравство.
Регистрирани се 89 оздравени пациенти.
Пријавени се вкупно 15 починати лица: 7 лица од Скопје (48г,57г,64г,85г, 91г,91г и 93г), по едно лице од Куманово (68г), Тетово (69г), Велес (61г), Штип (65г), Битола (61г), Кавадарци (82г), Богданци (62г) и Валандово (85г).
Од пријавените, 4 лица се починати во домашни, а останатите 11 во болнички услови.






