Забраната за движење од 22 часот од синоќа до 05 часот утрово не ја почитувале 15 лица, информираа денеска од МВР.
Во текот на изминатото деноноќие пак на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 533 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.






