Податоци на Комисијата за заразни покажуваат дека во периодот од 1 до 31 јануари 2022 година од вкупниот број починати пациенти, само шест имале примено трета доза, но сите биле со други коморбидитети.
Првиот човек на Комисијата, д-р Александар Петличковски нагласува дека заштита од смрт и хоспитализација е над 90 отсто ако станува збор вакцинирани пациенти со три дози или вакцинирани со две, но од втората доза да е примена во последните три месеци, пренесе „Алсат“.
Повикувајќи се на оваа анализа, Петличковски нагласува дека заштита од смрт и хоспитализација е над 90 отсто ако станува збор за вакцинирани пациенти со три дози или вакцинирани со две, но од втората доза да е примена во последните три месеци.
„…трите дози во моментот се тие кои даваат гаранција над 95 проценти за заштита од смрт и повторно тука има и мал процент и човек вакциниран со три дози да заврши лошо, но шансите се многу мали“, вели Петличковски.







