Петковски: Гаши го искористи моментот и доби 15 пати повеќе од мојата партија

Претседателот на НСДП, Тито Петковски вчера по средбата со Премиерот Заев рече дека Алтернатива го искористила политичкиот моментум за да издејствува што е можно повеќе за себе иако во Собранието располага со само четворица пратеници.



-Во политиката сѐ се гледа низ призмата на партискиот интерес, рече Петковски.

Според него, со четири пратеници Алтернатива добиле 10-15 пати повеќе отколку НСДП.

Сепак ниту тој ниту било која од помалите политички партии не најавија напуштање на коалицијата на СДСМ.