Можно Бугарите да ги искористат бугарските пасоши кои ги имаат Македонците за да побараат и бугарскиот јазик да биде официјален јазик во Македонија, изјави вчера во гостување во Само интервју на Канал 5, поранешниот претседател на НСДП Тито Петковски според кој нема причина зошто треба Бугарите да се вметнат во Уставот.



„Не знам што е целта на Бугарија, ама не случајно и албанските партии заговараат промена на Уставот во делот на Рамковниот договор, ако е албанскиот јазик утре може да биде и бугарскиот јазик официјален јазик“, изјави Петковски.