Петков вели дека коментарите за „исечената“ фотографија се глупост

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска пред медиумите рече дека неговиот ПР тим од брзање го исекол македонскиот премиер Димитар Ковачевски од заедничката фотографија со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.



„ И во Бугарија и во С. Македонија сите се обидуваат со некоја глупост да не извлечат од дијалошкиот, конструктивен тон. Така јасно кажав во мојот следен пост на Фејсбук дека кој на каква фотографија е, не е важно за нашата заедничка стратегија“ – додаде Петков.