Бугарскиот премиер Кирил Петков во парламентот во Софија изјавил дека владата на Македонија прифатила Бугарите да бидат додадени во уставот како заедница.
Ова го открива бугарскиот професор и одличен познавач на бугарско – македонските односи Димитар Бечев.
,,Се чини дека е во тек договор за укинување на ветото за пристапните преговори со ЕУ.
Концесијата на Скопје ќе игра добро во Софија, иако прашање е колкаво реално влијание може да има”, пишува Бечев.
Засега не се знае дали ќе се менува и бугарскиот устав за да влезат Македонците во него ниту како планира Ковачевски да ги вметне Бугарите во македонскиот устав за чија промена се потребни гласовите од 2/3 од пратениците.






