Петков стравува за животот на Зеленски

Зеленски можеби нема да биде жив во следните 48 часа, вели бугарскиот премиер Кирил Петков.



Објасни дека лидерите на Европската Унија биле шокирани по последниот видеоповик со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој им се обрати како да се збогува со нив. Вели дека тоа бил емотивен разговор.

„Претседателот Зеленски, кој беше во бункер, влезе и рече: ‘Не знам дали ќе ве видам повторно бидејќи сум на (руската) листа за убивање’“, рече Петков.

Бугарскиот премиер вели дека се очекувало дека руските тенкови ќе влезат во провинциите (Доњецк и Луганск), но никој не очекувал толку масовен напад.

Петков вели дека руските војници испратени во Украина не биле свесни за операцијата и мислеле дека ова е некаква вежба.

„Младите момци од двете страни умираат поради еден лидер што стои на долгата маса и ги носи одлуките. Овие санкции нема да му наштетат на Путин, но ние не можеме да останеме со скрстени раце“, рече Петков.
Зеленски стравувал за својот живот откако вчера почна инвазијата и тоа го соопштил на европски политичари.